fbpx

Граѓаните на Македонија секој ден дишат загаден воздух

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 
Мерните станици и денеска покажуваат загаденост на воздухот во Македонија, опасна по здравјето на луѓето.
 
Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Тетово изнесува речиси 10 пати над дозволеното.
 
Утрово, во Битола и Скопје опасните ПМ10 честички во воздухот се застапени речиси 4 пати над дозволеното.
 
Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици, троши милион евра за LED телевизори додека луѓето во Македонија се гушат во нечист воздух, крајно опасен по нивното здравје поради високиот процент на канцерогени честички.
 
Извештајот „Зелен раст“ на Светска банка покажува дека Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Тоа е најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија, од рак и болести на дишните патишта.
 
За Никола Груевски овие поразителни податоци се обични неважни бројки. Никола Груевски им одзема 10 години живот на граѓаните а ништо не превзема за да се реши проблемот со загадувањето.
 
Покрај хаосот во здравството, што го создадоа Никола Тодоров и Никола Груевски, загадениот воздух е дополнителна закана за здравјето на граѓаните.
 
Граѓаните знаат дека загадувањето на воздухот е последица на погрешните политики на Никола Груевски и затоа тие имаат една заедничка идеја: Збогум Никола!

Скопје, 07.12.2015               
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести