fbpx

Катастрофалните економски политики на Ставрески не се бранат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не посвети ниту една реченица за Ставрески во соопштението со коешто неуспешно се обиде да го брани.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ покажа дека не само што не знае како туку потврди дека не може да го одбрани Ставрески за катастрофалните економски резултати и расипнички политики.

Впрочем Ставрески и Груевски официјално го признаа дебаклот на сите нивни промашени економски политики во изминатите 10 години.

Груевски и Ставрески јавно признаа дека без постојано да ги задолжуваат граѓаните и државата не можат да исплатат плати и пензии, иако граѓаните тешко си ги заработиле.

Тоа е клучна карактеристика на расипничка и неодговорна власт којашто ја турка државата во вртлог на постојано задолжување и банкрот.

Конфузните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ се најголем доказ дека човекот познат по шемите „немаме за леб а трошиме за чоколадо“ и „ние сме лудаци“ нема никаков кредибилитет или морален капацитет да говори за сериозност и одговорност.

Ставрески ги задолжи граѓаните со три еврообврзници во вредност од 1 милијарда евра, и сега не поминуваат изјавите дека се за враќање на еврообврзница од 150 милиони евра, од пред 10 години.

Виртуелните изјави на Ставрески паѓаат во вода.

Ставрески, без резултат зад себе и без идеи, нема што да им понуди на граѓаните освен нови и нови долгови коишто треба да ги враќаат идните генерации.

СДСМ, заедно со граѓаните, нема да дозволи расипничките политики на Груевски и Ставрески да ги заглават идните генерации.

На 24-ти април доаѓаат промени. Владата предводена од СДСМ ќе биде одговорна, транспаретна и ќе работи во инетерес на сите граѓани и на идните генерации.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

 

Скопје, 06.12.2015               
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести