Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не знаат што да им одговорат на граѓаните коишто дишат отров наместо чист воздух.
На граѓаните што поради нивните погрешни политики дишат отров, на оние што заболуваат од разни болести на дишните органи поради загаден воздух, ВМРО-ДПМНЕ сака да им раскажува приказни од пред 10 или 20 години.
Тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Несподобност, надградена и проширена со корупција и обиди за манипулација на граѓаните.
Изминатите 10 години Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а проблемот со загадувањето не е решен.
Што чекаше Никола Груевски 10 години? Зошто не го реши проблемот со загадувањето?
Граѓаните знаат дека загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски којшто мислеше само на провизиите од тендерите, парцелите на Водно и богатењето на фамилијата.
Причините зошто се задушуваат граѓаните, наместо да дишат, е тоа што нема инвестиции за заштита на животната средина, не е спроведена ветената гасификација, уништени се огромни зелени површини, исечени се бројни дрвја, намален е шумскиот фонд…
Затоа реалноста е поразителна. Според Светска банка Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните со цврсти, канцерогени честички. Овие честички се најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија поради предизвикување на болести на дишните патишта и рак.
Никола Груевски очигледно не сака да излезе од својот виртуелен свет и да се соочи со реалноста. Но, од реалноста и од вистината бегање нема.
На 24 април доаѓа пролетно чистење на сите валкани политики на Никола Груевски.
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!
Скопје, 06.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА