Мицкоски, оди пред земјоделците и на нив кажи им…

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски денеска се фали дека земјоделското производство расте и дека акумулациите се полни.

Мицкоски, оди пред земјоделците и нив кажи им го тоа.

Кажи им на оние што:

– немаат исплатени субвенции
– имаат намален откуп
– продаваат под производната цена
– плаќаат поскапо ѓубриво
– плаќаат поскапо гориво
– немаат ИПАРД
– гледаат како увозот ги уништува
– работат со загуба
– не знаат дали ќе ја прехранат фамилијата следната година

Кажи им на сточарите чие млеко се откупува за 20–25 денари.

Кажи им на лозарите и на градинарите што ги фрлаат производите затоа што нема кој да ги купи по реална цена.

Кажи им на оние што ги исклучивте од субвенционирање со новите правила.

Додека ти се фалиш со проценти,
тие бројат дали ќе ја преживеат сезоната.

Оди кај нив.

Кажи им ја твојата приказна.

Па дури потоа да видиме што тие ќе ти кажат.

А вистината е проста:

Не сакаш во Европа и не сакаш европски пазар.

Затоа земјоделците живеат вака.