Соопштение за јавност
Фекални бактерии во чешмите на Рич и Белотино.
По седум градови.
По белата пена во Лепенец и Вардар. Сега и овие села.
Изгледа дека во Македонија веќе нема место со чиста вода.
Затоа Мицкоски и Клековски немаат потпишан документ ни за Гостивар.
Затоа кријат кој ставил печат и кој гарантира.
Кога водата е загадена насекаде од Гостивар до Струмица – повеќе никој нема право да бара доверба без документи, без потпис и без одговорност.
Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста вода и име на оној што гарантира дека е чиста.
Сè друго е игра со здравјето на луѓето.


