Соопштение за јавност
Евростат објави поразителни бројки, го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа.
Евростат ја покажа суровата реалност за економската мизерија во која живеат македонските граѓани после две години Влада на Мицкоски и ВМРО.
Зад Македонија нема друга земја, пред нас се Босна и Херцеговина, Турција, Црна Гора, Србија….
Додека Мицкоски зборува за „трета економија во Европа“, „поголем раст од ЕУ“, и за „економско чудо“, Евростат ја покажува реалноста:
Каква трета економија, какво економско чудо, Македонија е на дното.
Евростат ја објави реалноста дека македонските граѓаните живеат полошо од сите граѓани во Европа.
Тоа е економското чудо на Мицкоски – во факти. А тоа најдобро го знаат граѓаните на Македонија.
Со Мицкоски сме заглавени на дното.


