fbpx

Груевски не може да ги уценува земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски лаже исто како неговиот министер Цветков.

Согласно календарот на исплата во програмата за директни плаќања во земјоделството, во октомври требаше да започне исплатата на субвенциите за производителите на добиточна храна, поледелците, производителите на ориз и сончоглед. А во ноември субвенции требаше да добијат лозарите и овоштарите.

Ништо од ова не е реализирано. Ниту еден земјоделец нема добиено денар субвенција за 2015 година.

Груевски не може да ги уценува и да ги малтретира земјоделците со нивните пари кои им следуваат со Закон.

Земјоделските субвенции се законска, државна мерка а не партиска.

Тие не ги дава ниту Ставрески ниту Груевски од својот џеб. Тоа се пари на земјоделските производители кои секоја година го полнат буџетот близу 200 милиони евра на име на даноци, акцизи и други давачки кон државата.

Субвенциите се државна мерка а не партиска и тие мора до земјоделците да доаѓаат тоагаш кога им се најпотребни, а не да чекаат избори за Груевски да им ветува покачување или да им ги исплаќа на ден пред молкот како во изборите во 2013 година.

За СДСМ земјоделците се на прво место.

После 24 април ќе покажеме како се води грижа за нашите производители на храна и воопшто за земјоделското производство како стратешка гранка на една серизона држава.

Скопје, 04.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести