fbpx

Македонија ќе ја градиме како едно општество за сите!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За лицата со попреченост во Македонија многу се зборува, а многу малку се прави. Овие наши сограѓани се заборавени од власта и се соочуваат со многу бариери во секојдневното живеење.

Нема звучна или тактилна сигнализација на улиците и тротоарите, нема пристап до соодветни ортопетски помагала, нема инклузивно образование, се уште децата со попреченост се одбиваат од градинките, институциите немаат ниту пристапни рампи и лифтови за лицата со физичка попреченост.

Од месец јуни оваа година, до денеска, државата се уште нема исплатено ниту денар на фирмите коишто вработуваат инвалидни лица, што е недозволиво и крајно неодговорно.

Има уште многу пречки за да овие наши сограѓани може да бидат дел од општеството како сите останати.

Примарна цел на СДСМ е зголемување на социјалната и општествена вклученост на лицата со попреченост.

СДСМ и денеска, но и по промените и превземањето на власта ќе направи се на овие наши сограѓани и на нивните семејства не само да им го олесни животот, туку вистински да им биде достоинствен.

СДСМ го поддржува вработувањето на лицата со попреченост што ќе придонесе за зголемување на нивните економски можности.

Вклучувањето на овие лица, наши сограѓани, поттикнувањето и искористувањето на нивните капацитети ќе придинесе и кон развој на целото општество.

Доста беа мерки кои се на ниво на милосрдие. Потребно ни е општество кое се грижи сите ние да добиеме можност да го дадеме максимумот во негова изградба.

СДСМ ќе направи се јавната свест во земјава да се донесе до ниво на мобилизација на сите засегнати страни вклучувајќи го приватниот сектор и локалните заедници.

Само така може општеството да биде отворено за сите граѓани кои имаат различни потреби.

По 24-ти април, сите ние заедно, Македонија ќе ја изградиме како едно општеество за сите!

03.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА