fbpx

Народна банка го растресе виртуелниот свет на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски, на крајот од мандатот, освен што се расфрла со нови лажни, виртуелни инвестиции, се труди да глуми и виртуелен градоначалник.

Додека Груевски врши „увид“ на огромниот број комунални проблеми, граѓаните од населените места во Македонија, во 21 век се уште немаат вода, канализација, пат, немаат пристап до лекарска заштита, со денови немаат струја…

Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а на граѓаните им паѓа стандардот и немаат елементарни услови за нормален секојдневен живот.

Додека Никола Груевски вршеше увид на парцелите на Водно, на мерцедесот од 600 илјади евра, на очилата од 60 илјади долари, граѓаните осиромашуваа и остануваа без работа.

Никола Груевски денеска требаше да изврши увид во податоците што ги објави Народна банка според кои во третиот квартал од оваа година во Македонија влегле само 8,5 милиони евра!

Народна банка го растресе виртуелниот свет во којшто живее Никола Груевски.

Празните ливади наместо индустриски зони, заедно со последните податоци на Народна банка целосно потврдуваат дека Никола Груевски зборува само виртуелни инвестиции.

Во реалноста ниту има инвестиции ниту има нови работни места.

Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

 

Скопје, 04.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести