Соопштение за јавност
Според официјалните податоци на Народна банка, во третиот квартал од оваа година, во Република Македонија влегле само 8,5 милиони евра странски инвестиции.
Со објавувањето на овој најнов податок, Народна банка и официјално ги потврди виртуелните странски инвестиции на Никола Груевски со коишто виртуелно се расфрла пред заминување.
Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра…
Во реалноста ниту имаа странски инвестиции ниту има нови работни места. Корупцијата во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу странски инвестиции.
Граѓаните знаат дека Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…
По изборите на 24-ти април, по победата на СДСМ Македонија ќе и каже збогум на корупцијата и ќе се отвори патот за вистински инвестиции и вистински нови работни места.
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!
Скопје, 04.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА