fbpx

Се потврдија лагите на медиумските курири

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Се потврдија лагите на медиумските курири. „Курир“ во текот на вчерашниот ден ги призна грубите лаги и му се извини на Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество.

Извинувањата од „Курир“ и „Прес24“ се само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола постојано води медиумски хајки против сите што се спротивставуваат на погрешните политики на Никола Груевски.

Дополнително, се докажува дека медиумските хајки на власта се само невистини, измислици, и ништо друго.

Ете зошто има нервоза кај Никола Груевски и неговите медиумски курири коишто покажува дека најголем страв имаат од вистината.

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.

Груевски сака да постојат само „Курир“ и куририте што ги читаат на телевизија виртуелните вести објавени од ова гласило.

Се што е поврзано со вистината медиумските курири имаат задача да го блокираат.

Затоа воопшто не се пренесуваат ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики.

Затоа се уште нема одговор што навистина е Курир, интернет портал, информативна агенција, агенција-партија, иако минаа недели?

Курир се уште крие од јавноста кој навистина работи за овој портал / информативна агенција / агенција – партија и не го објавува својот импресум.

Затоа и Европската Комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.

Новинарите професионално и слободно ќе можат да работат, каква штo е нивната должност пред јавноста.

По 24-ти април и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!

 

Скопје, 04.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести