Претседателката треба да му ги каже овие работи на својот партиски колега Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска рече дека државата се чува со младите, се брани со мудра надворешна политика и се јакнее со национално помирување.

Добро.

Нека му ги каже овие зборови директно на Христијан Мицкоски.

За младите:

Нека му каже дека младите се иселуваат поради криминал, корупција и изолација што ја создаде неговата власт.

Не поради „некој друг“.

За мудрата надворешна политика:

Нека му каже дека „ќе чекаме децении“ и „збогум Европа“ не е мудра политика.

Тоа е политика на намерна блокада и пропаст.

За националното помирување:

Нека му каже дека помирување не се прави кога граѓаните ги нарекуваш „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“.

Не се прави помирување кога 40% од медиумите (Орбановата мрежа) систематски делат народ на „предавници“ и „патриоти“.

Не се прави помирување кога во земјата влегува српски медиуми блиски до Вучиќ, од типот на „Ало“ групацијата, а се подготвува и „Евроњуз“, кои шират омраза и пропаганда, што треба да го водат Ивона Талевска и Драган Павловиќ Латас.

Не се прави помирување кога се води антиевропска кампања, кога доминира „српскиот свет“ и руски интереси во земја членка на НАТО.

Ако претседателката навистина мисли што рече денеска – нека му го каже тоа на Мицкоски.

Тоа би значело нешто не само за младите, туку за сите граѓани кои сакаат подобра иднина во сопствената татковина.