Соопштение за јавност
Министерството за надворешни работи денеска демантира „тајни преговори“ за францускиот предлог.
Ама Тимчо Муцунски самиот претходно рече дека има разговори „под радарот“ и дека се тајни.
Тајни за кого? За гласачите на ВМРО.
Сега разговараат со Бугарите.
Сега целта е полноправно членство.
А Мицкоски претходно бараше членство заедно со Вучиќ – без право на глас.
Идентитет? Јазик?
Гордана Сиљановска веќе рече дека тоа е „завршено и апсолвирано“.
Што тогаш останува?
Сите европски претставници јасно кажаа: нема отстапки, нема друг начин, нема гаранции.
Не можете да избегате од вистината.
Лажете за сѐ.
Оваа Влада еден ден зборува едно, друг ден друго.
Единственото што е константно – се лагите.


