Коридор 8: Изгубени над 60 милиони евра за НАТО коридорот, единствен виновник: -Владата на ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија остана без повеќе од 60 милиони евра од ИПА фондовите за пругата кон Бугарија.

Причината е една и јасна:
Владата на ВМРО не изврши избор на изведувач за третата делница од Коридорот 8.

Ништо не е помрднато откако дојдоа на власт.

Единственото што направија е штета од над 60 милиони евра за еден од стратешките коридори за Македонија и НАТО.

Државата продолжува да плаќа пенали за неповлечени средства од заемите (175 милиони од ЕИБ и 175 милиони од ЕБОР), додека проектот стои.

Наместо тоа, се приоритизира коридорот 10 – Унгарија – Србија – Македонија за кој Орбан и Вучиќ веќе склучија договор за изведба со истата Кинеска компанија.

А денеска, додека се губат европски пари, државата се задолжува со нови 41 милион евра преку обврзници.

За две години оваа Влада ја задолжи Македонија со над 2,5 милијарди евра.

Ваква неспособност или намерна работа, не е видена во историјата на Македонија.

Знаеме како заврши ИПАРД кај земјоделците – со апсење на директорот.

Можеби намерата на власта е да не користи ИПАРД, затоа што тогаш ЕУ го контролира трошењето на парите.

Задолжувањето и новите кредити ги контролира само Мицкоски.

Додека Мицкоски зборува за „европски пат“ и „инвестиции“,
реалноста е изгубени европски пари, нови долгови и целосна изолација.

Единствен виновник е оваа Влада составена од тендер-патриоти.