Соопштение за јавност
Додека земјите од регионот чекорат напред во евро-атланските интегративни процеси, Македонија, со Никола Груевски, 10 години стои во место.
За Никола Груевски приоритет во изминатите години не беа решавањето на отворените прашања, реформите и напредокот на земјава туку тендерите и бизнис интересите на фамилијата.
Поради погрешните политики на Никола Груевски, Македонија и сите нејзини граѓани загубија 10 неповратни години.
Ако има нешто што граѓаните не знаат во однос на спорот со името тоа треба да го каже Никола Груевски.
Граѓаните на Македонија ја дознаа вистината за сите лаги врз коишто Никола Груевски го изгради имиџот за неговиот виртуелен патриотизам.
Преку проектот Вистината за Македонија големата вистина проби како шило на 16 мај 2015 година (https://www.youtube.com/watch?v=N0-TXxO5LU8)
Граѓаните дознаа дека токму Никола Груевски се пазарел со уставното име на Република Македонија и тоа тајно под маса, преку класични underground методи. Со неговиот братучед Сашо Милајков заедно со познатиот бизнис партнер на Груевски од Грција, Емануел Малелис, познат како Манолис.
Тоа биле вистинските преговарачи за промена на името на државата.
Од објавените аудио разговори стана јасно дека Никола Груевски се пазари за уставното име на земјава разговарал и ги договарал дури и идентитетските прашања. И не само што Груевски и Мијалков го правеле сето ова, туку го правеле задкулисно.
Наместо интересот на државата, во изминатите 10 години Груевси го бранеше бизнис интересот на фамилијата.
Очигледно, само парите се црвените линии на лажниот патриот Никола Груевски.
Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола!
Скопје, 02.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА