fbpx

Груевски се сети на тутунарите по активноста на Николовски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Благодарение на активноста на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостпанство, Љупчо Николовски од СДСМ, на Груевски му текна дека во Македонија постојат околу 30 илјади семејства чијашто единствена егзистенција е производството на тутун.

Конечно Груевски воочил дека нив им треба заштита и дека земјоделските инспектори треба да си ја вршат работата по закон.

Доцна Груевски се сети на тутунарите но добро е што призна дека предвремен откуп на тутун се уште нема и дека тутунот стои складиран.

Но, Груевски треба да знае дека минатата година на тутунарите тутунот им беше откупен по мизерни 50-60 денари, по ниски класи и со големи одбитоци.

За Груевски, тутунопроизводителите се само бројка на која му текнува само пред избори.

Затоа и денес Груевски манипулира со нивната мака велејќи дека им се исплатени субвенции.

Иако некои тутунари немаат добиено субвенции за 2013 и 2014 година.

Субвенциите се државна мерка, а не партиска и тие на земјоделците им се следуваат со закон.

Затоа, оваа година, тутунопроизводителите со право бараа поддршка од дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски. Тие во овој откуп нема да се сами.

Скопје, 02.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести