fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги потценува и омаловажува граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

После 10 години Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ немаат решение за проблемите со енормното загадување на воздухот.

Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а граѓаните во Македонија се гушат во нечист, загаден воздух опасен по здравјето.

Наместо да се зафати со решавање на проблемите ВМРО-ДПМНЕ ги потценува и ги омаловажува граѓаните.

Не може ВМРО-ДПМНЕ да им продава магла на граѓаните, да ги потценува и да ги омаловажува.

Во извештај на Светска банка се наведува дека Македонија е на петото место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, од честичките ПМ 10. Овие честички се најголема причина што годишно, 1.350 граѓани умираат од болести на дишните патишта и рак.

Додека се трошат милиони евра за споменици, реклами и LED телевизори луѓе во Македонија умираат поради висок процент на канцерогени честички во воздухот.

Несериозноста и лицемерието на ВМРО ДПМНЕ ги надмина сите граници.

Затоа граѓаните имаат заедничка идеја: Збогум Никола!

02.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести