fbpx

И Пешевски призна катастрофа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владимир Пешевски по Никола Груевски призна катастрофален пораз на сите нивни политики.

Од 2006 година до денес, струјата поскапе за 84 проценти!

Граѓаните секојдневно се исклучуваат од парно греење, осиромашени, соочени со извршители на нивните врати.

За 10 години власт, Груевски и Пешевски не поставија метар инсталација за гас, како еколошки и евтин енергенс.

Затоа граѓаните ги вратија печките на дрва, иако годинава ни дрва немаат поради бизнисите на власта со извоз на дрва од Македонија.

И денеска најдобриот “дил ориентед“ министер на Груевски, Пешевски добил задача да го оправдува Груевски дека загадувањето е од греење на дрва?!

Додека Пешевски, Трајановски, лицемерно садат дрвја, зад нив останува масакрот што го направија во изминатите неколку години на:

  1. Паркот спроти хотел Бристол за административна зграда
  2. Двата парка спроти Старата железничка станица
  3. Паркот пред Домот на АРМ
  4. Паркот Жена Борец за десетици споменици
  5. Паркот пред КИЦ, за катна гаража
  6. Паркот зад Собранието на РМ за катна гаража
  7. Двете зелени парцели околу плоштадот Македонија за хотел и градска куќа
  8. Паркот зад главната пошта, за барокна катна гаража

Додека власта на Груевски сече дрвја, троши 630.000.000 евра за споменици, над 1.000.000 евра за ЛЕД телевизори, граѓаните дишат загаден воздух.

Поради тоа во Извештајот на Светска банка Македонија е на петто место по смртни случаи на годишно ниво, предизвикани од загаден воздух со канцерогените ПМ 10 честички.

Прскалките на Груевски не можат да го исчистат воздухот.

И Пешевски призна катастрофа.

Потребно е чистење од политиките на Груевски и тоа ќе се случи на 24 април.

За чист воздух: Збогум Никола!

Скопје, 02.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА