Соопштение за јавност
Дебаклот на економските политики на Никола Груевски е проследен и со уште еден пораз на меѓунарден план.
Министерскиот совет на НАТО донесе одлука Црна Гора да биде поканета за нова членка на Алијансата.
СДСМ им честита на граѓаните на Црна Гора за овој успех на земјата.
За жал, додека земјите од регионот чекорат напред во евро-атланските интегративни процеси, Македонија, со Никола Груевски, 10 години стои во место.
За Никола Груевски приоритет во изминатите години не беа решавањето на отворените прашања, реформите и напредокот на земјава туку тендерите и бизнис интересите на фамилијата.
Поради погрешните политики на Никола Груевски, Македонија и сите нејзини граѓани загубија 10 неповратни години.
Скопје, 02.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА