fbpx

Политиките на Груевски затвораат фирми во Прилеп

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека Никола Груевски зборува за виртуелни вработувања и фрла лопати за нови виртуелни инвестиции коишто никогаш не се реализираат, Прилеп останува град со рекорден број невработени лица.

„Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски го запустија Прилеп, ги затворија фабриките и многу вработени останаа на улица, без егзистенција.

Во 2009-та година, се затвори прилепски „Металец“, над 200 вработени останаа без работа.

Истата година, се затвори и „Агро Мариово“ и 230 вработени остаа без егзистенција.

Прилепски „Металец“ отиде во стечај, вработените останаа без рабта, на улица.

Многу фирми во Прилеп се затворија поради промашените економски политики на Никола Груевски, меѓу кои и „Димче бањарот“, фармата „Браилово“, „Пим суровина“, Оглед-ас“ и многу други.

Дополнително, во времето кога Никола Груевски беше министер за финансии во Прилеп исто така се затворија многу фирми како на пример предилница Билјана, фабриката Партизанка, Пелагонија транспорт….

Според официјалните податоци секоја трета фирма во Македонија е со болокирана сметка а над 10.000 се затворени.

Јавноста слушна за нарачинте инспекции на УЈП, казните од илјадници евра и затворањето на фирмите низ Македонија по налог на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пиштење и вриштење“ беа зборовите со кои Миле Јанакиевски од ВМРО-ДПМНЕ се ситеше на сите затоврени и казнети фирми.

Додека фирмите се затвораат Груевски мисли само на тендерите, провизиите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари…

Сега предизборното фрлање лопати на Никола Груевски и неговите виртуелни инвестиции и виртуелни ветувања на крајот на мандатот не поминуваат.

Граѓаните на Прилеп имаат идеја: збогум Никола!

Скопје, 02.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести