fbpx

Секој втор млад човек сака да замине од Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Поради погрешните политики на Никола Груевски во изминатите 10 години младите масовно се иселуваат од Македонија. Дури и оние што останале имаат желба да заминат.

Додека Никола Груевски и фамилијата на власт мислеа на провизиите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата за сонце од 60 илјади долари, движечката сила на Македонија, младите луѓе, ја напуштаат државата.

Според Светска банка, 626.312 граѓани се иселиле од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Последната студија на Фондацијата Фридрих Еберт покажува дека 50% од младите сакаат да ја напуштат земјава а дури 71% се незадоволни од економската и финансиската ситуација.

Тоа значи дека секој втор млад човек сака да замине од Македонија. Невработеноста, нискиот стандард, срушениот образовен систем, се главните причини.

Високи 65% од младите во Македонија се незадоволни поради проблемите со вработувањето.

Младите не веруваат во виртуелните инвестиции и виртуелните работни места со коишто Никола Груевски, без идеи и без резултати, се обидува да ги лаже граѓаните.

Дополнително, според студијата, 80% од младите се незадоволни од реформите во образованието. Младите луѓе веќе му кажаа громогласно НЕ на Никола Груевски и лошите реформи во образовниот систем.

На 24-ти април младите ќе кажат НЕ на сите погрешни политики на Никола Груевски во изминатите 10 години!

Скопје, 02.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести