fbpx

За чист воздух – Збогум Никола!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Од лошите политики на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, граѓаните дишат неколку пати позагаден воздух од максимално дозволените граници.

Според последните податоци, битолчани дишат екстремно загаден воздух, каде што измерената концетрација на ПМ10 честички изнесува 919, дури 20 пати повеќе од нормалната дозволена концетрација на суспендирани честички.

Од скопските општини, концетрацијата на ПМ10 честички во Лисиче е 599, дури 12 пати повеќе од нормалната вредност. Граѓаните на Центар дишат 10 пати позагаден воздух од нормалното, а во Гази Баба е измерена концетрација на ПМ10 честиски од 465, што е 10 пати повеќе од нормалното.

Во Кавадарци, загаденоста достигнала вредност од 243.2, што е 5 пати повеќе од нормалната вредност на концетрација на дозволени супсендирани честички, а во Кичево, концетрацијата на ПМ10 честички е 238.

Недозволиво е власта да троши 630 милиони евра за споменици, милион евра за ЛЕД телевизори,а граѓаните да дишат загаден воздух.

Наместо парите да се трошат во реклами каде не убедуваат дека здравјето нема цена, добро е истите да се вложат во заштита на животната средина, затоа што навистина здравјето нема цена.

Во извештајот на Светска банка се наведува дека Македонија е на петото место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, од  честичките ПМ 10.

Најголем „успех“ на Никола Груевски е што успеа со непланските мерки и неводењето грижа за граѓаните  во последните 10 години да ги направи Битола, Скопје, Кавадарци и Кичево едни од најзагадените градови во Европа.

Не можат граѓаните да бидат тие кои што треба да платат со највисоката цена – со животот, за лошите политики на Владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ

СДСМ знае и има план како да ги ги промени овие алармантни состојби со огромната загаденост на воздухот и животната средина.

Граѓаните имаат заедничка идеја: за чист воздух-збогум Никола!

 

 

Последни вести