Соопштение за јавност
Нервозата во ВМРО-ДПМНЕ е толку голема што повторно зборуваат за шамари.
Во текстовите на „Курир“ доаѓа до израз менталитетот на Никола Груевски.
Јавноста слушна од проектот Вистината за Македонија како Никола Груевски нарачува шамари за градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Граѓаните знаат како Никола Груевски, еден ден пред нападот и демолирањето на општина Центар, креираше план Жерновски да биде нападнат со „пет-шест“ шамари а медиумите тоа да го снимат.
Разбирлива е растечката нервоза во ВМРО-ДПМНЕ.
Никола Груевски пред неколку дена призна целосен пораз на сите негови политики во изминатите 10 години.
Неговите расипнички политики ја доведедоа државата во ситуација да мора да се задолжува за плати, пензии, социјални трансфери…
Намалениот интерес за денешната аукција на државни записи и обврзници покажа дека банките, пензиските фондови и осигурителните друштва во Република Македонија не веруваат во Никола Груевски и неговите погрешни економски политики.
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!
Скопје, 01.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА