Мицкоски се враќа од екскурзија – дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска се враќа Христијан Мицкоски од бриселската екскурзија.

Прашањето е само едно: Дали ќе го пречекаат со ново знаме?

И уште поважно – каква боја добил? Дали поцрвенел од Брисел? Или само се испекол на сонце додека Гостивар сè уште користи техничка вода, без ниту еден документ дека е чиста дури и за тоа?

Ќе видиме дали Францускиот предлог конечно ќе го прифати како „ремек-дело на дипломатијата“, исто како што го прифати и Преспанскиот.

Ќе видиме дали конечно ќе признае дека јазикот, културата и националниот идентитет се апсолвирани – како што веќе кажа претседателката.

Ќе видиме дали НАТО сè уште му е „феноменален“ сојуз и за граѓаните, и за инвеститорите.
Штета што ги избрка повеќе од 60%.

Во кампањата ветуваше „подобра преговарачка позиција“.

Ветуваше нови гаранции.

Ветуваше дека ќе го смени името.

Ветуваше дека никогаш нема да застане пред натпис „Северна“.

Денес нема ништо од тоа.

Има само „тајни разговори под радарот“.

Има „промакедонска“ партија во која функционери и нивните семејства имаат бугарски пасоши и фирми.

Што те чека, Христијане?

Те чека кампања по урнек на Ванчо Михајлов – „талог“.

Те чека да му се јавуваш на Савевски и да почнеш со закани за апсење.

Те чекаат српските медиуми на Ало групата.

Те чека Ивона за Вучиќевиот Euronews.

Тоа се убавите работи што ги сакаш. Но има и други.

Те чека празен буџет.

Те чекаат плати и пензии.

Те чека Гостивар – цел месец.

Три цистерни вода за цел град.

Епидемија на жолтица.

Eпидемијс на Западнонилска треска.

Орце ќе прска прорив комарци дури во вторник – изгледа и тие што прскаат се на екскурзија.

Те чека отруена болница.

Пациенти во Тетово.

Ајде, почни.

Закани наместо решенија.

Лаги наместо одговорност.

Можеби и ова ќе го забраните со нов декрет – како оној за мигранти, по урнек на Хитлер.

Да не смее никој да спомене вода, треска, пациенти…

Добредојде назад, Христијане.

Граѓаните те чекаат.

И овојпат нема каде да избегаш.