Соопштение за јавност
Во интервју за „Тема на денот“ на телевизија Сител, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, посочи дека за катастрофата со водата во Гостивар мора да има одговорност кај надлежните здравствени институции. Тој нагласи дека институциите не смееле да молчат и да не преземаат мерки додека граѓаните пријавуваат сериозни здравствени симптоми, посочувајќи дека токму затоа се поднесени кривични пријави против надлежните здравствени власти.
Спасовски нагласи дека одговорноста ја лоцира кај надлежните институции кои, како што посочи, не презеле чекори во период од шест дена откако почнале да се пријавуваат сериозни симптоми.
„Државните органи кои што се надлежни во ситуација во која што ви се пријавуваат луѓе со сериозни симптоми и тоа трае шест дена пред вие да преземете било каков чекор, јасно ја лоцира одговорноста во здравствените власти и затоа овие пријави кои што се поднесени се поднесени за здравствените власти коишто сметаме дека треба да сносат одговорност од моментот кога се отвораат случаите“, рече Спасовски.
Спасовски поосочи дека се работи за здравјето на луѓето, илјадници граѓани се затруја од загадената вода во Гостивар, и порача дека обвинителството ги има механизмите потребни за целосно расчистување на случајот.
„Обвинителството ги има сите расположливи механизми, како механизми, методи и алатки за да може целосно да го расчисти случајот“, рече Спасовски.
Притоа, Спасовски порача дека институциите кои ја имаат одговорноста во моментот мора да преземат одговорност за состојбите и проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
„Владата да се научи да преземе одговорност. Не може да излегува Владата и да каже да „граѓаните ни дадоа најголема поддршка, имаме толку и толку пратеници“, супер, ама поддршката значи одговорност“, рече Спасовски.
Линк до видео:


