Повторно трговија со дрога.
Повторно рута што минува низ Македонија.
Додека Обвинителството објавува нови случаи на шверц на марихуана од Македонија преку Бугарија кон Грција, јавноста сè уште чека одговор како 5 тони поминале граница, покрај царина, покрај полиција, покрај Safe City.
Веќе повеќе од шест месеци Мицкоски молчи за филмската заплена на преку 100 тони канабис што со денови ја објавуваше на телевизија.
Ниту еден јасен одговор.
Ниту еден завршен предмет.
Ниту една одговорна личност.
Сè уште нема одговор за петте тони што завршија во Србија.
При апсењето, уапсениот, инаку функционер на СНС, сестринската партија на ВМРО – изјавил дека дрогата е од Бата Гашиќ, поранешен министер за одбрана, министер за полиција и директор на БИА.
Во јули 2026 година во Либерија, при рекордна заплена од околу 4 тони кокаин во вредност од над 370 милиони долари, уапсен е српски државјанин. На социјалните мрежи се појавија тврдења дека поседувал дипломатски пасош.
Србија и Македонија сè почесто се споменуваат заедно во меѓународни заплени на големи количини дрога.
А Мицкоски?
Молчи.
Кога имаше камери – имаше и големи објави.
Кога треба одговор – има само тишина.
Граѓаните имаат право да знаат:
Што се случи со тие 100 тони?
Како петте тони завршија во Србија?
Зошто секој нов случај завршува само со соопштение, а никогаш со вистинска одговорност?
Македонија не сака да биде европска Венецуела, иако Мицкоски можеби сака да биде Мадуро.


