Мицкоски по враќањето од екскурзија – само обвинувања, никаде решенија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните веќе се навикнати. Власта составена од „промакедонски“ тендер-патриоти нема резултати.

Има само обвинувања и префрлање вина на други.

Загадената вода? Виновни се некои други.

Одат дотаму што обвинуваат луѓе кои пет години не се во власт.

Секој ден нова верзија – секој ден нова вина.

Фактичката состојба е едноставна и јасна:

• Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е националното регулаторно тело кое ја контролира безбедноста на водата како прехранбен производ. Инспекторите имаат овластување да спроведуваат вонредни контроли и да ја забранат употребата на вода за пиење ако постои сомневање за загадување.

• Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и неговите регионални центри вршат лабораториски анализи и мониторинг. Тие земаат примероци од чешми и изворишта и проверуваат бактерии, тешки метали и ниво на хлор.

• Министерството за здравство го следи влијанието врз здравјето на населението и реагира преку епидемиолошките служби.

• Министерството за животна средина е одговорно за заштита на извориштата и спречување на загадување на реките и подземните води.

Сè е јасно.

Само Обвинителството и Савевски да си ја работат работата – наместо да работат по јавна или телефонска нарачка на Мицкоски – одамна ќе ги имавме одговорните.

Штом се врати од екскурзијата, Мицкоски веднаш ја обвини опозицијата дека шири паника и дезинформации за Скопје, со реченицата:

„За хибридниот напад знаеле ден порано отколку што почнал.“

Терминологијата „хибриден напад“ ја увезе преку својот ментор Вучиќ.

Прашањето е едноставно:

Ако знаеле, зошто не спречија?

Одговорот е уште поедноставен:

Само лаги и пропаганда на медиумската машинерија под диригентската палка на Латас.

Решенија нема.

Одговорни нема.

Само обвинувања.

Така изгледа работата, или подобро кажано – екскурзијата на оваа „најуспешна Влада досега“, составена од „промакедонски“ тендер-патриоти, предводена од Христијан Мицкоски, шефот на таа организирана криминална група.