Сооптшение за јавност
Мицкоски јавно вели дека сè околу дата-центрите ќе било јавно и транспарентно а самиот призна дека Владата преговара со 5-6 потенцијални инвеститори и не соопштува ништо.
Која е компанија? Со кого и за што точно се преговара? Кои услови им ги нуди Владата?
Нема одговори. Нема имиња. Нема договори. Нема анализи. Нема бројки.
Тоа не е транспарентност туку работа зад затворени врати или „под радарот“.
Мицкоски не кажува колку струја и колку вода ќе трошат дата-центрите.
Не кажува дека земјоделците може да немаат вода за нивите и дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена за струјата.
Македонија нема ресурси за експерименти зад затворени врати.
Особено не со водата.
Во држава во која граѓаните веќе се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето, загадени реки и труења во Гостивар, власта планира огромни потрошувачи на вода без да ги објави основните анализи.
Истото важи и за струјата.
Македонија нема стабилен енергетски систем за Мицкоски однапред да ветува државни ресурси без јавноста да знае колку ќе чини тоа и кој ќе ја плати сметката.
Ова не е стратегија за развој туку опасно коцкање со водата, струјата и земјата на граѓаните.
СДСМ нема ништо против инвестиции кои носат развој, работни места и нови технологии.
Но, инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија, а не ресурсите на Македонија да се ставаат во функција на туѓи профити.
Затоа бараме целосна транспарентност:
Кој е инвеститорот со која се преговара?
Како тоа само во Македонија никогаш ништо не се знае?
Секојпат Мицко договара, разговара, а не преговара, и секогаш најавуваат дека ќе има „некој“ инвеститор.
Граѓаните и земјоделците може да останат без потребната вода и струја.
Што ќе јаде народот? Килобајти?
Што ѝ носи на Македонија дата-центарот? Нема многу работни места, троши струја, создава бучава, ја загрева плодната земја, троши вода?
Каде заработуваат граѓаните на Македонија? Никаде.
После сите лаги Мицкоски сака јавноста да му верува на збор.
Нема да може.
Прво договорите и анализите на маса. Потоа приказните за инвестиции.
Водата, струјата и земјата се ресурси на граѓаните, а не приватна сопственост на Мицкоски за тајни преговори и профити.



