Мицкоски работи „под радарот“ – колку чини коцкањето со водата, струјата и земјата на граѓаните за дата-центри?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ветувањата и изјавите на Мицкоски се една голема лага.

Сè што ќе каже – лаже!

Истото е и со дата-центрите.

Мицкоски јавно вели дека процесот е отворен и транспарентен, а самиот признава дека преговара со 5-6 инвеститори зад затворени врати или под радарот.

Зошто не се објавуваат нивните имиња?

Со кого се договара Мицкоски „под радарот“?

На кого му ги става на располагање водата, земјата и струјата на Македонија?

Колку ќе ги чини тоа граѓните? Пари, вода, плодно земјиште?

Нема одговори. Нема имиња. Нема анализи.

Нема ништо.

Мицкоски работи „под радарот“.

А кога Мицкоски работи сам, никогаш не се знае ништо, тој сам одлучува.

Земјоделците може да останат без потребната вода за нивите, а граѓаните да плаќаат повисока цена за струјата.

Македонија нема ресурси за експерименти зад затворени врати.
Особено не со водата.

Во држава во која граѓаните веќе се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето, загадени реки и труења во Гостивар, власта планира огромни потрошувачи на вода без да ги објави основните анализи.

Истото важи и за струјата.

Македонија нема стабилен енергетски систем за Мицкоски однапред да ветува државни ресурси без јавноста да знае колку ќе чини тоа и кој на крајот ќе ја плати сметката.

А цела Македонија знае дека бизнисот со струја е омилен
бизнис на Мицкоски.

Затоа мора да се знае секој детаљ.

Инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија.

Не ресурсите на Македонија да се ставаат во функција на туѓи профити.

Водата, струјата и земјата се ресурси на граѓаните, а не приватна сопственост на Мицкоски.