Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски молчи за својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, по величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.
Мицкоски не смее ниту да го спомене Стоилковиќ, а камоли да побара негова одговорност.
Луѓе кои величаат осудени воени злосторници и релативизираат воени злосторства не треба и не смеат да извршуваат јавни функции.
Особено што во конкретниот случај постои и кривично дело согласно Кривичниот законик, што се однесуваат на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства.
Мицкоски мора јавно да одговори:
Дали се согласува со ставовите на својот министер Иван Стоилковиќ?
Дали Ратко Младиќ е и негов „генерал“?
Ако не се согласува, тогаш нека ги осуди ваквите ставови и нека ги разреши Стоилковиќ и Китановиќ.
Или не смее, бидејќи нема дозвола за Стоилковиќ?
СДСМ подолго време предупредува дека ваквите провокации не се изолирани инциденти. Тие се вклопуваат во поширока политика од операцијата “Талог“ на создавање тензии, поделби меѓу граѓаните и етнички провокации, која Мицкоски ја спроведува по налог на Вучиќ.
Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието и го велича Ратко Младиќ. Паралелно, во јавниот простор Латас води кампањи исполнети со навреди, етикетирање и дехуманизација на политичките противници.
Влегува српска медиумска маншинерија преку преку Еуроњуз и Ало, на сомнителен начин и со заобиколување на законите.
Ништо не е случајно. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија.



