Филипче: Дупката во ПИОМ е удвоена на една милијарда евра, државата постепено останува без пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дупката во ПИОМ е удвоена и достигнува една милијарда евра, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во „Само интервју“ на Канал 5, посочувајќи дека состојбата со пензискиот фонд е показател за лошото управување со јавните финансии.

„Еве како се имаа пари во буџетот. Прво во буџетот за пензиско инвалидско осигурување. Колку е дупката? Во 2021, 22, 23, дупката во фондот била 500 милиони евра. 2024 година од 530 милиони евра, 2025 година од 690 милиони евра. 2026 година, годинава, проекција, една милијарда евра. Значи, дуплирана дупката во пензискиот фонд. Наместо 500 милиони евра, сега треба од некое друго место, државата да најде милијарда евра за пензионери да си ги земаат пензиите. Дупката во фондот и дефицитот, кој што е дуплиран од 500 на милијарда евро, е сè поголем, покрај тоа што 1% од придонесите е трансфериран и е зголемен придонесот во пензиското осигурување. Државата постепено пропаѓа и ќе остане без пари“, рече претседателот на СДСМ.

Филипче посочи и на линеарното зголемување на пензиите, за кое рече дека е неправеден систем потенцирајќи дека пензионерите со последните покачувања од 1.000 денари се украдени од власта.