Филипче: Им го откривме планот за распродажба – пет нови рудници и дата-центри за нивните финансиери!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на вечерашната промоција на програмата на Јовица Радевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Брвеница, нагласи дека СДСМ го откри планот на Мицкоски и неговата Влада за распродажба на државата – пет нови рудници и дата-центри за нивните финансиери.

Филипче посочи дека власта на Мицкоски води политики што не се во интерес на граѓаните, туку се за нивни лични и туѓи интереси.

„Криминални тендери врват на големо.Уште сакаат и да ја распродаваат земјата, водата, рудата.Им го откривме планот. Пет нови рудници што сакаа на мали врата да ги протуркаат додека Мицкоски го нема. Антимон и дата-центри договорени за корист на неговите финансиери, не во корист на граѓаните.За лични и туѓи интереси, а не за интересите на народот“ рече Филипче.

Во обраќањето на трибината, Филипче додаде дека додека власта турка криминални планови, граѓаните се соочуваат со проблеми со основните потреби, безбедност на вода за пиење, високи трошоци за живот.

„Во 21 век чиста вода за пиење не можат да обезбедат. А не нешто повеќе. Над 5.000 граѓани во Гостивар беа отруени, во над 50 населени места во Македонија водата не беше исправна за пиење. Синдикалната кошница за четиричлено семејство во септември достигна 70.000 денари а со кирија и 90.000 денари. Три минимални плати не ја покриваат таа кошница. Двајца работат, а семејството повторно мора да крати од основните потреби“, рече Филипче.

Линк до видео: