Филипче: Мицкоски и ВМРО немаат ниту еден резултат зад себе во ниту една област

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски и ВМРО ја изиграа довербата на граѓаните, не ги исполнија ветувањата и немаат ниту еден резултат зад себе во ниту една област, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на вечерашната промоција на програмата на Јовица Радевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Брвеница.

„Со лаги дојдоа на власт, со лаги владеат. Ништо од ветувањето немаат исполнето. Немаат ниту еден резултат зад себе во ниту една област. Во 21 век чиста вода за пиење не можат да обезбедат“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од неодговорното владеење, додека власта не води грижа за нивните основни потреби.

„Народот едвај врзува крај со крај. Работниците се со најниски плати во Европа, пресметуваат колку им останува да го истуркаат месецот, не им стига до следната плата. Пензионерите ги излажаа, земјоделците се оставени на цедилото, нема откуп, нема цени, нема пари за ништо“, порача Филипче.

Наместо мерки за подобар живот, граѓаните добиваат тврдења дека сме „трета економија во Европа“, без срам посочи тој. Минималната плата изнесува 26.046 денари, а семејствата се принудени да кратат од основните потреби.

„Двајца работат, а семејството повторно мора да крати од основните потреби. Ние бараме минимална плата од 600 евра а владата вели нема пари за работниците. Ама за една вечер и еден диџеј дадоа 5,5 милиони евра“, рече Филипче.

Тој ја обвини власта дека обезбедува милиони за вакви трошоци, додека за работниците нема пари, и порача: „За еден диџеј 5,5 милиони евра. А за граѓаните нула. Ете го лицето на оваа власт!“

Филипче се осврна и на проблемите со водата за пиење во Гостивар и во други населени места, нагласувајќи дека власта не успева да обезбеди ни основни услови за живот, а истовремено подготвува проекти за користење на природните богатства за приватни интереси.

„Пет нови рудници што сакаа на мали врата да ги протуркаат додека Мицкоски го нема. Антимон и дата-центри договорени за корист на неговите финансиери, не во корист на граѓаните. За лични и туѓи интереси, а не за интересите на народот“, истакна Филипче.

Од Брвеница тој повика на промена на ваквото владеење и на поддршка за конкретни решенија што ќе донесат подобар живот. Програмата на Јовица опфаќа водоводна и комунална инфраструктура, реконструкција на улици и патишта, подобри услови во училиштата и можности за нови работни места.

„На власта што заборави кому му служи — со јасна демократска порака на гласачкото место дека ова ќе биде нивни пораз во Брвеница“, порача Филипче и ги повика граѓаните да ја поддржат промената.

Линк до видео: