Соопштение за јавност
Министерството за финансии ја започна постапката. Македонија планира да се задолжи со 1,3 милијарди евра на меѓународниот пазар во 2027.
Велат – поради дефицит и поради стари обврзници. Велат: ова е стратегија. Ние рековме: ќе се задолжуваат. Еве, се задолжуваат.
Истата шема како со Гета. Мицкоски кажа нула денари од граѓаните. Излезе 5,53 милиони евра од Лотарија – народни пари. Сега истата рака црта стабилни финансии, а буџетот зема нов товар.
Најавивме ново задолжување од 1,3 милијарди. Сега е веќе хартија. За две години оваа власт не задолжи 4 милијарди евра. За 35 години постоење сите влади заедно – 8 милијарди. Половина од долгот на државата за три ипол децении, арамијата го направи за 2 години. Јавниот долг е веќе околу 11 милијарди, околу 60 проценти од БДП-то.
Дали уште некој му верува на Мицкоски?
Човек што штом зине – лаже.
Нула денари за концертот. Трета економија во европа. Шеснаесет пати поголеми пензии. Двесте илјади публика на концерт. Сериозна држава. Сега и овој кредит, како да е ситница.
Кредитот не е приход, туку обврска. Сметката ја плаќа народот. Часовникот од 60 илјади евра, оделото од 10.000 евра и новиот авион од околу 100 милиони ги плаќа државната каса, која постојано се празни. А буџетот се пари на граѓаните.
СДСМ го кажа ова додека тие цртаа бајки. Документот пристигна.
Бандата се задолжува за своите криминални тендери. Граѓаните, нивните деца и внуци ќе ги враќаат тие долгови.


