Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, ги претстави дел од мерките од Мастер планот на СДСМ, меѓу кои и враќањето на прогресивниот данок и воведувањето посебно оданочување на екстра профитите на најголемите компании. Филипче посочи дека прогресивниот данок не треба да се гледа како казна за успешните, туку како механизам за поправедна распределба на капиталот и создавање порамноправно општество.
„Ќе го вратиме прогресивниот данок, затоа што тоа не е казна за успешноста, тоа е правилна прераспределба на капиталот. И на овој начин општеството ќе биде мирно. Ќе се врати правдата, ќе им се вратат со посебен пакет мерки пари и со детални анализи од каде ќе биде изворот за зголемување на платите, на минималната плата, затоа што ние покажавме дека минималната плата може да се зголемува и во криза. И јас со менаџирање во Министретсвото за здравство, покажав дека со заштеди можат да се зголемат платите на докторите, близу 150% се зголемија, а сега не се мрднати“, рече Филипче.
Како дел од Мастер планот, Филипче го посочи посебното оданочување на компаниите кои во изминатиот период остварувале екстра профити, нагласувајќи дека средствата треба да се вратат во државниот буџет.
„Проверка и потекло на имотот на најголемите компании, кои изминатите повеќе од 10 години работеа,создаваа и остварува екстра профити, се посебни членови во законот, за екстра оданочување на профитите, затоа што тие компании работеа, целосно според закон, а остварија екстра профит. И овие мултимилионери на сметка на државата, ќе се вратат парите во буџетот“, рече Филипче.
Филипче нагласи дека економската политика од Мастер планот е насочена кон враќање на правдата и подобрување на животниот стандард, преку поправедна распределба на приходите и создавање средства за зголемување на платите.
„Стандардот, правдата, прогресивниот данок, мирот во општеството се наши приоритети. Затоа што оваа власт ама буквално на ниту едно поле нема перформанс и затоа одиме чекор понапред, не само што критикуваме аргументирано, туку даваме предлози и модел како ќе продолжиме понатаму“, рече Филипче.
Линк до видео:
https://www.facebook.com/TVTelma/videos/2250029542523210


