Соопштение за јавност
Со ребалансот на Буџетот власта на Мицкоски ги намали парите предвидени во здравството, пари за ретките болести и инсулинот, предупреди претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во Централниот дневник на МТВ.
„Огромни задолжувања, пари кои што се трошат само за трошење, за трошоци, не за капитални инвестиции. Капиталните инвестиции се намалени со новиот ребаланс за 100 милиони евра, намалени се парите во здравството за двете болници Штип и Кичево и намалени се парите за ретки болести и за инсулин. Само како една илустрација дека граѓаните ќе патат. Ништо друго нема да се случи. Само сиромаштија и огромни долгови се на сметка и за сметка на партиските тендери. Тоа е суштината“, порача Филипче.



