Филипче: На земјоделците им ги зедоа парите, сега сакаат да им ги земат и земјата и водата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Власта на земјоделците им ги зема парите, сега сака да им ги земе и земјата и водата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на завршниот митинг во Брвеница.

Филипче посочи дека Мицкоски и неговата влада ги остави земјоделците без соодветна финансиска поддршка, а сега се обидува да го загрози и националното богатство на државата преку распродажба на земјата и водата.

Тој укажа дека земјоделците се соочуваат со сериозна егзистенцијална криза, а власта одби да им помогне, го одби и предлогот на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците.

„Од земјоделска земја ќе останеме, благодарение на Мицкоски, земја без земјоделци. Луѓето се во тешка состојба, лозарите, градинарите, полједелците, сточарите, овоштарите, тутунарите, сите се во тешка егзистенцијална криза поради Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Претседателот Филипче истакна дека Владата има пари за тендери, провизии и пропаганда, но не и за земјоделците, работниците, пензионерите и младите. Филипче потсети дека СДСМ во Собранието побара минимална плата од 600 евра и финансиска поддршка за земјоделците, но владејачкото мнозинство ги одби предлозите.

„За земјоделците, работниците, пензионерите и младите пари едноставно нема. Во Собранието побаравме минимална плата од 600 евра. По трет пат. По трет пат одбија. Побаравме поддршка финансиска за земјоделците кои се оставени на цедило. Без откуп и без цени. И тоа го одбија“, рече Филипче.

Филипче предупреди дека, покрај недостигот на поддршка за земјоделското производство, власта сега сака да ја отвори вратата за проекти што можат да го загрозат националното богатство на државата, додавајќи планот за изградба на рудници и дата-центри, е само во корист на финансиерите на власта, а не на граѓаните.

„Со лаги дојдоа, со лаги владеат. Сега сакаат да ги распродаваат земјата, водата, нашето национално богатство. Нови рудници сакаат да протуркаат на мала врата. Дата-центри, договорени во корист на нивните финансиери, а не во корист на граѓаните“, рече Филипче.

Тој нагласи дека земјоделците, откако останаа без потребната финансиска помош, сега се соочуваат и со опасноста да ги изгубат ресурсите од кои зависат нивната егзистенција и иднината на нивните семејства.

„На земјоделците им ги земаа парите, сега сакаат да им ги земаат и водата, и земјата. Им го откривме планот. Нема да им помине. И сакам да им порачам – Македонија не е на продажба“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека нема да дозволи, македонската земја да се продава за криминални интереси и најави дека СДСМ ќе продолжи да се спротивставува на ваквите планови.

„Христијан, еден грам македонска земја нема да продаеш за твои криминални интереси. Ќе одговараш и ќе ги враќаш парите. И ти и твојата банда“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ ќе продолжи да се бори за заштита на интересите на граѓаните, земјоделците и на државата, нагласувајќи дека националните ресурси не смеат да се ставаат во функција на интересите на поединци.

„Им го откривме планот. Нема да им помине. Македонија не е на продажба.“, рече Филипче.

Линк до видеото :