Арамијата е готов, Мицкоски нема пари во буџетот – моли за алиби за избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Арамијата Мицкоски и неговиот помошник Николовски молат за алиби за избори.

Како што рековме: штом ќе снема пари за партиски криминални тендери.

Знаат дека секој ден сè повеќе паѓаат. Повеќе поддршка од народот немаат. Имаат само свои партиски платеници вдомени во државниот систем.

Сами објавија во анкета што ја работела агенција платена 400.000 евра од пари на граѓаните. Преку 40 проценти пад на ВМРО од минатите избори. Сами признаа.

Секојдневни лаги. Економски колапс. Дипломатски скандали. Ходник дипломатија платена од трговци со оружје. Проекти однапред под радар дадени на приватни компании. Антимон за оружје. Дата-центри за туѓа дигитализација.

Народот нема ни за леб.

Не поминува лажниот патриотизам со бугарски пасоши и фирми. Не поминуваат сателитите, сите се откриени.

Левица – руска партија против стратешкиот партнер Америка, анти-НАТО, анти-ЕУ, обединета со Платформата ЗНАМ 2.0 и изворниот ЗНАМ, проектот на Мицкоски од минатите избори што повеќе не постои.

Пари нема. Нема за плати. Нема за пензии.

Недостигаат 900 милиони евра во буџетот. Двапати имаше ребаланс, а третиот веќе е најавен до крајот на годината.

Недостигаат една милијарда за пензиите.

Сакаат да го национализираат вториот пензиски столб, парите ги потрошија. Се задолжија 4 милијарди за две години. Половина од долгот на Македонија од независноста.

Нема зголемување на минималната на 600 евра. Третпат одбија. Ниедна партија не гласаше за законот. Ниедна, па дури ниту лажните борци за права на работниците – Левица.

Нема помош за земјоделците, и тоа одбија. Нема помош за млади. Нема ништо.
Најавија 100.000 нови мигранти, односно економски работници. Од почетокот на годината.

Николовски рече 50.000, арамијата Мицкоски ја дуплира бројката. Пет нови рудници. Распродажба на Македонија. Македонија ја гледаат како депонија.

Намерни судири со соседите затоа што немаат повеќе излез. Падна Орбан. Ќе падне и Вучиќ. Одговараат менторите на Мицкоски во минатото или во затвор.
Во Унгарија се уапсени тројца министри на Орбан. Во тек е истрага за кинескиот кредит што го зеде Мицкоски.

Целата структура на медиумите Орбан–Вучиќ е под истрага. Латас со истрошените Гебелс техники не поминува. Не поминуваат ни платените медиуми преку Лотарија, како ни Гета. Не поминува цртање на табла. Не поминуваат лагите за просечна плата од 1.000 евра.

Не поминува лагата дека го штитат идентитетот затоа што е заштитен. Потврдија сите, па и арамијата, Сиљановска. Урсула фон дер Лајен му кажа на Мицкоски во лице.

Реформите ги вети за 1 јуни по година дена доцнење. Повеќе ги не споменува. Не поминува и изборниот закон со подготовка за кражба на гласови од дијаспората.

Арамијата е готов. Секој сега знае дека штом зине – лаже.

Ја укина функцијата потпретседател и во партијата владее сам, како и во државата.

Сега расте незадоволството кај членството што гледа дека ако не се излезе сега на избори, до крајот на мандатот ВМРО нема да постои. Ќе може да се избрише од регистарот.

Никогаш никој не ја уништил државата за само две години како арамијата Мицкоски.

Правосудството удри во дно. Мицкоски по телефон поставува, менува, наредува. Европската комисија во два извештаи по ред нотира мешање на Мицкоски.

Тошковски ја понижи полицијата. Границата ја вика швајцарско сирење, а главна работа му е хиперхлорирање.

Вода на 50 места во Македонија нема извештај дали е исправна. Гостивар скоро 4 месеци е без извештај. Само зборови на Мицкоски дека е безбедна. Без ниту еден документ.

Затоа денес молат и кукаат за алиби. Не смее арамијата да ги признае сите порази. Економски. Дипломатски. Мора да смисли нов конфликт. Мора да смисли нова патриотска приказна.

Му треба алиби од некој сателит да распише избори. Да му даде материјал за медиумска приказна за потреба од вонредни избори.

Од СДСМ нема да добие. Нема да бидеме алиби за криминална организација.

Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши.