Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Алсат М телевизија изјави дека зад долгогодишните напади врз него стојат Мицкоски и неговата пропагандна машинерија но, дека граѓаните веќе ја препознаваат лажната кампања.
„Изминативе години, кој се занимава со рушење на мојот личен рејтинг? Само Христијан Мицкоски и неговата пропаганда, која ја води Латас, и целата таа камарила околу него. Што ме прават? Убиец на деца, доктор Менгеле, криминалец, зграда Дубаи и така натаму. Тие со тоа се занимаваат“, рече претседателот Филипче.
Тој подвлече дека пропагандата поради тоа што власта нема одговор на лошата состојба во државата.
„Нема одговор на ниту едно конкретно прашање. Сè се флоскули, сè е пропаганда, сè е дефокус. Зошто? Затоа што работите во државата не одат добро. А тој не ги менаџира како што треба. Ниту има желба, ниту намера, ниту капацитет да ги менаџира како што треба“, потенцираше Филипче.
Граѓаните најдобро гледаат каде е економијата, без разлика што тврди власта.
„Празни се паричниците, празни се фрижидерите. Зошто втор ребаланс? Ниту една држава не прави втор ребаланс. Знаете зошто е вториот ребаланс? Да се пополнат дупките, да може да се исплатат мизерно ниските плати и ограбените пензионери, затоа што нема пари за нив“, додаде претседателот на СДСМ.
Филипче потсети и на неисполнетите ветувања на Мицкоски.
„Што ветуваше тој? Подобар стандард. Подобар живот. Подобри преговарачки позиции со Европската Унија. Ветуваше дека ќе го врати името, за Преспанскиот договор, зошто не го поништи? Од неговата книга со 1.198 лажни ветувања, не исполнил ни 3 проценти“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека граѓаните веќе ја прозреле лажната кампања со која Мицкоски дојде на власт.
„Граѓаните не можете да ги излажете кој знае колку пати. Можете еднаш да изиграте на нивната емоција дека сте патриот и дека ги штитите идентитетот и јазикот. Ама кога ќе видат дека сте излажале и дека сте дошле на власт со една лажна кампања, дека сте всушност лажен патриот, граѓаните веќе сфатија. Идентитетот никој не може да ни го одземе, ниту јазикот“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

