Соопштение за јавност
На Македонија ѝ треба систем, не еден човек, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче посочи дека на Македонија ѝ се потребни функционални институции и систем што ќе испорачува правда, економски развој и подобар живот за граѓаните. Тој нагласи дека Мицкоски не исполни ништо од ветувањата, а граѓаните се разочарани и спасот го гледаат надвор од државата.
„Нас нема да нè биде на овој начин. 3.000 деца помалку во прво одделение, со доказ за тоа дека граѓаните не се наивни да се снаоѓаат. 3.000 млади семејства со мали деца се иселиле од 2025 година до сега. Бараат чаре и спас надвор. И затоа се бориме со граѓаните, отворено, чесно, искрено, за да овде воспоставиме систем. Не човек повторно, не ни треба нас еден човек. Еве, како што гледате и во Србија, никој не сака човек. Систем бараат граѓаните, младите посебно. Систем да функционира, да може да се веруваат на институциите, да испорачаат и правда, и економија, и стандард“, рече Филипче.
Во одговорот, Филипче додаде дека граѓаните јасно го изразуваат своето незадоволство кога ќе се соочат со неправда и злоупотреби. Како пример ги посочи случувањата во Србија и Албанија, додавајќи дека дека слични проблеми има и во Македонија, како што се притисок врз медиумите, поделба на опозицијата и се загрозување на националните богатства заради бизнис интереси на власта.
„Граѓаните јавно и јасно го изразуваат својот став или на избори или кога има некаков повод. Директен повод во Србија беше падот на настрешницата во Нови Сад. Од тогаш протестите не запреа. Една од причините во Албанија беше распродажбата на националното богатство, остров поврзан со Кушнер. Едно слично сценарио се случува и кај нас. Се распродава националното богатство. Кај нас Христијан Мицкоски прави сублимат на сите неправилни работи кои што се случуваат во регионот. Ги спомнавме криминалот и корупцијата, притисокот на медиумите, делењето на опозицијата, бизнисите кои што ги има и ги распродава националните богатства, распродавајќи ја водата за дата-центри и земјата за рудници. Нема да му помине“, рече Филипче.
Линк до видео:
