Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието му порача на премиерот Христијан Мицкоски дека ќе мора да одговара на прашања за трансферот на дрога преку границата, за Алта банка, за кинеските пари од Унгарија и за можните трансфери на пари од Србија.
„Па ќе се отворат прашања за кинеските пари од Унгарија, за Алта банка, за тоа дали има навистина, како што сè повеќе имаме информации, трансфер на пари од Србија тука. Некои документи видов пред неколку дена. Ако е тоа стварно така, мене ми е вака човечки жал за тебе, да ти кажам право, не политички, ама патот сам си го избираш“, рече Филипче.
Тој нагласи дека прашањата за трансферот на дрога преку границата нема да може да се избегнуваат со дефокусирања и лажни информации.
„Веројатно ќе одговараш на прашања и за трансферот на дрога преку граница, е тогаш на тие инстанци веќе нема да може да се дефокусира и да се даваат лажни информации“, порача претседателот Филипче.
Осврнувајќи се на Европското обвинителство и европската обвинителка Лаура Ковеши, Филипче посочи дека одговорноста нема да заврши со одговорите во собраниската сала.
„Веројатно ќе треба да одговараш на прашања не само тука, меѓутоа и на некои други места“, истакна тој.
Претседателот на СДСМ оцени дека Мицкоски ја губи политичката поддршка од Србија и го праша како ќе постапува во новите околности.
„Тој систем на поддршка од Србија полека се губи и ќе останеш сам. Се поставува прашањето што ќе правиш?“, праша Филипче.
Тој го критикуваше премиерот дека повеќе од две години не дава конкретни одговори, додека користи пропагандни кампањи, оцрнувања и дискредитации.
„Не одговараш на ниту едно прашање така како што го поставуваме и на ниту едно прашање конкретно не си одговорил изминативе повеќе од две години“, нагласи Филипче.
Наместо повторување на навредите и приказните за Дубаи, Филипче побара Мицкоски да одговори на поставените прашања.
„Искрено се надевам дека нема да слушаме дел повторно од твојот фолклор, затвори, решетки, лисици, талог, медиокритет и така натаму. Зграда во Дубаи и Харис Џиновиќ“, рече претседателот на СДСМ.
Линк до видео:
