Соопштение за јавност
Ја промаши професијата – би бил добар уредник на „Информер“ и Колегиум, му порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на премиерот Христијан Мицкоски, за начинот на кој ја води државата. Филипче нагласи дека дека наместо да се занимава со проблемите на граѓаните, Мицкоски се однесува како уредник на медиуми. Тој порача дека премиерот треба да одговори на суштинските прашања и да покаже резултати од своето управување, наместо да ја дефокусира јавноста.
„Можеби си ја промашил професијата, бил добар уредник на Информер или на Колегиум. За жал тие се гасат сега полека затоа што не ти оди со водењето на државата во интерес на граѓаните онака како што треба“, рече Филипче.
Филипче посочи дека Мицкоски избегнува конкретни одговори и се служи со пропагандни механизми, оцрнувања и дискредитации наместо да се соочи со прашањата што му ги поставува опозицијата.
„Користиш разноразни пропагандни механизми, лажни кампањи, оцрнувања, дискредитации, работиш, создаваш простор за политички острел на твоите политички противници, меѓутоа и на твои блиски луѓе коишто не работат така како што ти им диктираш и не одговараш на ниту едно прашање така како што го поставуваме и на ниту едно прашање конкретно не си одговорил изминативе повеќе од две години“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ додаде дека Мицкоски ја губи поддршката од Србија и дека ќе мора да одговара на прашања и пред европските институции.
„Јас знам дека себе сега тебе не ти е лесно, го нема и вториот ментор. Тој систем на поддршка од Србија полека се губи и ќе останеш сам. Се поставува прашањето што ќе правиш? Веројатно ќе треба да одговараш на прашања не само тука, меѓутоа и на некои други места. Онака како што јасно и недвосмислено, многу брутално што би рекол ти робусно кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, дека пред Европа ќе треба да се одговара пред европското обвинителство и европската обвинителка Лаура Ковеши. Па ќе се отворат прашања за кинеските пари од Унгарија, за Алта банка, за тоа дали има навистина, како што сè повеќе имаме информации, трансфер на пари од Србија тука. Некои документи видов пред неколку дена. Ако е тоа навистна така, мене ми е вака човечки жал за тебе, да ти кажам право, не политички, ама патот сам си го избираш“, рече Филипче.
Линк до видео:
