Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му порача на премиерот Христијан Мицкоски дека доколку Владата ги започне постапките за отворање рудници, ќе се соочи со сериозен отпор од граѓаните, кој СДСМ ќе го поддржи, а доколку е потребно, ќе се формира и жив ѕид за да се спречи отворањето на рудниците.
„Во однос на рудниците, сакам да ти кажам дека ако ги почнете постапките ќе се соочите со сериозен отпор кај граѓаните. Ние тој отпор ќе го водиме или ќе го поддржиме, а ако треба ќе направиме и жив ѕид на нивно барање за таму да нема рудници“, му порача Филипче на Мицкоски од собраниската говорница.
Покрај прашањето за рудниците, Филипче го потсети Мицкоски и на неговите лажни ветувања за промени во однос на Преспанскиот договор, договорот со Бугарија и преговарачката рамка, прашувајќи зошто тие ветувања не се исполнети.
„Еве премиере, имаш шанса. Чекаат луѓето да го вратиш името. Врати го името. Чекаа да го поништиш Преспанскиот договор. Поништи го. Чекаа да го смениш или го подобриш договорот со Бугарија. Ајде подобри го. Чекаа да подобриш преговарачката рамка. Ајде подобри ја преговарачката рамка. 100 пати ветуваше. Ајде заштити го некако јазикот подобро, иако имаме договор потпишан на македонски јазик со Европска Унија“, рече Филипче.
Линк до видео:
