Aлта банка и предвремени избори: ЗНАМ и Максо преку правосудниот испит му прават алиби на Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Максим Димитриевски одамна нема ништо од Платформата 1.0 што му ја направи Мицкоски. Нема повеќе никаков кредибилитет.

Последната задача на сателитотот е да му даде алиби на Мицкоски за предвремени избори.

Правосудниот испит сега се турка како тема за наводен судир во коалицијата. Целта е да се создаде впечаток на тензија и да се отвори пат за предвремени избори.

Да не се признае дека е загрозена финансиската стабилност заради Алта банка и дека нема пари во буџетот.

Максо си го наплати предавството врз партијата и врз гласачите. Сега треба да ја изврши последната задача.

Ова е влада што ништо не направи во ниту еден сегмент. Катастрофална состојба во економијата. Дипломатија што води кон целосна изолација. Aлтa банка пред стечај, штедачите без пари, јавните претпријатија – загрозени.

Но пред обидот да му даде алиби на Мицкоски за избори, Максо мора да одговори зошто имал состанок со Вулин – директор на БИА, министер за одбрана и полиција, еден од осомничените за плантажата со марихуана во Србија (Јовањица) – околу Aлта банка.

Каква била улогата на Максим за српската БИА и за Алта банка?

Дали и Максо беше еден од лобистите за Вучиќевата пералница на пари од криминал и корупција?

Сега глуми заштитник на државата и на правосудството. Истиот човек што седеше на состанок со човек од БИА, околу банката што пере пари.

Истиот што сега преку темата – правосуден испит, треба да му отвори пат на Мицкоски за предвремени избори, во момент кога касата се празни и аферата Алта банка ја тресе државата и граѓаните.

Нема да има никакво алиби. Има прашања. И ќе има одговорност.