Ширење паника или паника кај Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски сега ја обвинува опозицијата за ширење паника.

Како шири паника СДСМ кога уште пред една година алармиравме да не се дозволи ова со банката?

Дали СДСМ ширеше паника во Европа и во Црна Гора каде што е одбиена оваа банка и забранет е велз на нејзиниот сопственик?

Дали СДСМ ширеше паника во Србија каде што се отворени истраги за криминал, каде е приведен Мацура и прогласен стечај на Алта банка?

Прашањето е едноставно, дали СДСМ ширеше паника во Европа, Црна Гора, Србија или Мицкоски е во паника затоа што знае дека ќе одговара затоа што ја донесе Вучиќевата пералница на пари во Македонија?

Еве ја хронологијата. Факти, не шпекулации.

Во 2023 и 2024 Алта група на Давор Мацура се обидува да ја преземе Addiko банка во повеќе земји, вклучувајќи Црна Гора.

Европската централна банка и австрискиот регулатор реагираат.

Во август 2024 ECB привремено го суспендира правото на глас поради тајно заедничко дејствување.

Во септември австрискиот регулатор изрекува санкција.

Financial Times пишува за проверки околу потеклото на капиталот и контролите против перење пари.

Формалниот сопственик е човек што до вчера држеше менувачница во Земун. Нема банкарско искуство. Има сомнежи за капиталот.

Во октомври 2025 Централната банка на Црна Гора го одбива преземањето на Addiko.

Гувернерката Ирена Радовиќ потврдува дека имало притисоци кога го одбиле планот.

Мацура планирал по Addiko да влезе уште во две банки. Алта не добива банкарска дозвола во Црна Гора.

Регулаторот вели: интегритетот на пазарот е поважен.

Во истиот период, октомври 2025, Алта банка АД Белград ја купува Стопанска банка Битола со одобрение на НБРМ. 95 проценти од акциите.

Покрај банката, Алта група во 2026 ги купува и ЗОИЛ Македонија АД Битола – 100 проценти од осигурителната компанија.

Компанијата е преименувана во Алта осигурување АД Скопје.

Владата на Мицкоски праќа укажување на јавни претпријатија да одлучат за преземање акции од страна на Алта банка.

Мицкоски не само што ја турка банката во Македонија. Го турка и осигурувањето. Ја внесува целата група во Македонија.

Во октомври 2026 Мацура е вратен од аеродром во Подгорица. Забранет му е влез во Црна Гора од причини на национална безбедност.

По изборите во Србија паѓа СНС. Се појавуваат тврдења за големи одливи.

На 30 и 31 октомври Народната банка на Србија ја одзема дозволата на Алта банка АД Белград. Се отвора стечај.

Вучиќева гувернерка на Народната банка на Србија рече дека сè е во ред со банката, а веќе истата ноќ, во 2:30 часот по полноќ, ѝ беше одземена дозволата за работа.

Српското Обвинителство отвора истрага.

На 2 ноември е уапсен Мацура. Сомнеж дека изнел околу 380 милиони евра од трезорот – дел физички, дел преку фиктивно евидентирање.

На 3 ноември судот формално отвора стечај.

Во Македонија, гувернерот рече дека сè е во ред, а во рок од 24 часа беше воведена принудна управа во банката.

На 1 ноември НБРМ воведува присилна управа над Алта банка АД Битола. Одредуваат лимити за граѓаните. Штедачите не можат да дојдат до своите пари.

Вчера гувернерот на Народната банка на Македонија изјави дека токму Мицкоски бил тој што вршел притисок за дозволата.

Значи: во Европа има санкции и суспензии.

Во Црна Гора има одбивање и притисоци што не поминале.

Во Србија има стечај, апсење и истрага за 380 милиони евра.

Формалниот сопственик е човек од менувачница. Постојат сомнежи за потеклото на капиталот.

И покрај сето тоа, Мицкоски врши притисок за дозвола и ја внесува банката во Македонија.

Го внесува и осигурувањето. Ја внесува целата Вучиќева пералница на пари од криминал и корупција. Ја внесува со пари на јавни претпријатија и на граѓаните.

Сега, кога сè се одмотува, Мицкоски ја обвинува опозицијата за ширење паника.

Не ширевме паника во Европа. Не ширевме паника во Црна Гора. Не ширевме паника во Србија.

Фактите се на виделина.

Мицкоски е во паника затоа што знае дека ќе одговара. Затоа што знае дека документите и трансакциите се тука. Затоа што знае дека не може да се сокрие кој вршел притисок.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Паниката е кај Мицкоски. Вистината е во документите. Мицкоски мора да одговара!