fbpx

Заев од Тетово: Триото Мицкоски-Груевски-Камчев мора да одговара пред правдата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Христијан Мицкоски кажуваше дека не се видел во Орце Камчев, не се видел со Зоран Милески Кичеец, сега по она што го кажува, испадна дека тој често одел кај Орце Камчев, изгледа одел кај доктор за финансиски криминал, не знам каков доктор барал, бидејќи Камчев не е доктор“, истакна претседателот Зоран Заев на трибината во Тетово, одговарајќи на прашање од граѓанин.

„Триото Мицкоски-Груевски-Камчев одлично функционира со години. Заедничка им е целта да ја спречуваат правната држава. Нивниот интерес да го штитат криминалот од секогаш бил очигледен. Овој криминален троец Мицкоски-Груевски-Камчев мора да одговара пред правдата за криминалите што ги правеле, затоа што законот денес важи за сите подеднакво“, посочи Заев.

15 јули е крај на тајните договарања и опструкции на правдата. Законот ќе важи еднакво за сите, секој кој се огрешил ќе одговора, секој кој е невин, ќе биде ослободен. Тоа е владеење на право, тоа е европска вредност и тоа е нашата иднина, заврши Заев.

Последни вести