fbpx

Заев од Велес: Во екологијата имаме сработено како никој до сега во изминативе 30 години, во следниот мандат инвестираме 60 милиони евра во инвертори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На граѓанската трибина во Велес претседателот на СДСМ, Зоран Заев порача дека во областа на екологијата и спортот е направено повеќе како никогаш до сега во изминативе 30 години од независноста на нашата држава.

„Од областа на екологијата и спортот никој не направил повеќе во овие 30 години независност, а имаме уште многу што да направиме. Донесовме милионски суми за субвенции за еколошки инвертори, инвестиравме огромни пари за пошумување, реалоциравме сериозни суми на пари за замена на системи за греење од секаков вид. Донесовме закони заради интегрираните еколошки дозволи и бараме до крај да се спроведат. Ама има уште многу да работиме. 60 милиони евра ќе инвестираме во инвертори во следниот 4 годишен период. 100 милиони евра ќе инвестираме само во замена на филтри на оџаците од индустриските капацитети. Целосно ќе ги замениме, обновиме, охрабриме инспекторатите по екологија“, порача претседателот Заев од граѓанската трибина во Велес.

Во однос на спортот, претседателот Заев рече дека сработено е многу, а се планира уште повеќе, идејата е по надминување на кризата предизвикана од КОВИД-19 вирусот да се покачат спортските ваучери на 15.00 евра и да се направи спортот достапен за сите млади луѓе и за сите деца, бидејќи како што рече, корисно е нашите најмлади уште од рана возраст да практикуваат здрави спортски навики.

Последни вести