Соопштение за јавност
Во 2016 година седнавме и се договoривме дека сме различни по многу основи, етничка припадност, верска припадност, професија, по многу други работи, ама имаме иста цел, исти проблеми и дека само сите заедно сплотени можеме да ги решаваме, истакна носителот на листата на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5 Јован Митрески на граѓанската трибина во Струга.
Најголем дел од проблемите ги решивме, покажавме дека можеме и по 15 јули ќе продолжиме уште повеќе и подобро, порача Митрески.
Зоки ми е брат, Радмила ми е сестра по 27 април, а носителот на другата страна бил спремен да убие за пари, а нема сила да излезе на ТВ соочување со нашиот носител на листа, нагласи Митрески, додавајќи дека тоа ни даде сила да ги решаваме најтешките работи во оваа држава.
Во собрание само еден човек не аплаудираше на решавањето на 30-годишниот проблем – членството во НАТО, не аплаудираше што нашата мала земја седи на маса со најмоќните, не се израдува на тоа дека сега треба да зборуваме за економија, инфраструктура, за решавање на проблемите на граѓаните, рече Митрески.
Ние ги решаваме проблемите на граѓаните и по 15 јули ќе покажеме сите заедно дека можеме уште повеќе и уште подобро, порача носителот на листата на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5 Јован Митрески на граѓанската трибина во Струга.