fbpx

Кузеска: Мицкоски не протестираше кога се укинуваше евтината тарифа на струјата, ниту кога поскапуваше струјата, протестира за да си ја зачува фотелјата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, додека Христијан Мицкоски беше советник на Никола Груевски за енергетика и директор на ЕЛЕМ струјата поскапе за 100%, тогаш Мицкоски не најде причина дека треба да протестира, ниту кога се укинуваше евтината струја, ниту кога се поскапуваше струјата, причината ја гледа токму сега, лицемерно лажејќи го народот дека надвор се токму поради тоа, а вистината е дека се работи за зачувување на фотелјата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ова го истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, додавајќи дека протестот е театар, дефокус од она што навистина е реална причина за да излезат надвор, иако очекувавме дека можеби ќе видиме собирање за вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи значителен дел од членството го бара тоа.

Опозицијата не остави ниту две недели да види како ќе почне да работи оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ, а почнавме со креирање на четвриот пакет мерки со кои ќе им се помага на граѓаните, на компаниите, за сочувување на работни места, истакна Кузеска, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот извор на лажни вести и популизам, а белата палата е седиште на најголемите лаги и манипулации.

Таа нагласи дека целиот концепт, темелите на СДСМ и на владата предводена од СДСМ, пред изборите и сега се парите назад кај граѓаните, има сет на мерки со кои се помага на граѓаните, сет на мерки со кои се помага на компаниите, зголемени се платите, минималната плата е покачена од 9 на 14.500 денари и најавуваме дека оваа влада ќе направи се минималната плата да биде покачена на 20.000 денати до 2024 година.

Најавивме ред правда и дицсиплина и развојна економија, тоа се главните задачи на кои оваа влада миксимално ќе се посвети, граѓаните сакаат правда и правда ќе има, секој што се огрешил пред законот ќе одговара, и затоа ВМРО-ДПМНЕ се нервозни и ниту од дивоградбата тераса на белата палата не можат да видат што навистина се случува, истакна Кузеска.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го унапредуваше судството во непотизам, со вработување братучеди сопружници, блиски и далечни роднини, соседи, 11 години градење на сваровски судство и сега е крајно лицемерно да зборуваат за прочистување на судството, нагласи Кузеска, и потсети дека ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за јавно обвинителство, со кој се создава независно судство, се иззема политичкиот притсок од судството.

Опозицијата цело време сака да ја држи јавноста во атмосфера дека се е нестабилно, дека ветувањата не се точни, може ќе кажат дека не сме во НАТО, дека не одиме да станаме членка на ЕУ и сакаат да се продолжи натаму со страв и омраза, но тие политики не поминуваат, апсурдно протестираат по избори и велат дека тоа е во име на народот, а народот на 15 јули гласаше за коалицијата Можеме и ги порази политиките на опозицијата, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Последни вести