fbpx

Правда достапна за сите, следува намалување на судските такси за физичките лица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ ги реализира заложбите дадени пред граѓаните за намалување на трошоците и овозможува правдата да биде подостапна за граѓаните.

Владата предовдена од СДСМ предложи измена на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за осум пати, односно од 48.000 на 6.000 денари.

Со ова им се олеснува патот до правдата на граѓаните кои се двоумеа да покренат судски постапки поради високите судски трошоци.

Правда во државата има и ќе има, а секој што се огрешил пред законот ќе се соочи со лицето на правдата.

Како одговорна партија, СДСМ останува посветена на интересите на граѓаните.

Последни вести